Шесто пласираниот Тетекс и и актуелниот куп освојувач е на два бода од опасната зона и од местата кои водат до неизвесниот бараж натпревар за опстанок во лигата. Кај Тетекс симната е неизвеснота која лебдеше во воздухот и од клубот сметаат дека проблемите кои ги имаше тимот се надминати и полека работите легнуваат и се средуваат.


–    Управата прави напори да ги стабилизира тие проблеми и до крајот на првенството тие работи ќе се средат и без дополнителни багажи ќе може да влеземе во шампионатот. Целта ние да го избегнеме баражот, според квалитетот кој го поседуваме нема да биде лесно, но нема да се предававаме и што побргу ќе го обезбедиме тој опстанок, додека она што ние желба е да бидеме повторно дел од големото финале во националниот куп на 24 Мај и преку него да излеземе во Европа.


Стретгот на “сините“ Јакимоски се уште не ги пикирал стартните 11, но вели дека до 5 март таа дилема ќе биде разрешена. Генерелната конторла ќе ја имаат со тимот на  Динамо Врање.

Ohridnews