По силниот земјотрес од 5,8 степени според Рихтер што вчера го погоди Истанбул, регистрирани се 188 последователни потреси.

Според турски медиуми, последователните потреси се уште се активни. Најсилниот меѓу нив е регистриран со интензитет од 4,1 по Рихтер.

Досега се добиени информации за штети врз 473 објекти, меѓу кои и 55 училишта, додека хоспитализирани се 34 луѓе.