Научници од Универзитетот во Охајо во најнова студија заснована на четиридецениско истражување утврдиле дека топењето на мразот на Гренланд дошло до точка од која нема враќање.

Со својот изразено антропоцентричен начин на живот, човекот во исклучително кус временски период предизвика верижна реакција од катастрофи (загадување на сите медиуми на животната средина, климатска криза, пандемии) кои неизбежно ќе доведат до самоуништување на нашиот вид, се наведува во научната студија.

Според Драгана Велковска, активистка за заштита на животни и животна средина, човештвото мора веднаш да се преориентира кон одржлив начин на живот.

Итно и ефективно да се преориентираме кон обновливи извори на енергија (соларна) и да обезбедиме енергетска независност, итно да ги исклучиме животните од исхраната, да прекинеме да фрламе храна, а вишокот да се донира, итно и ефективно да го редуцираме отпадот, да се преориентираме исклучиво кон одржлив транспорт. Градбите задолжително да ни бидат енергетски ефикасни, да создаваме што повеќе креативни нови зелени површини во урбаните подрачја и да ги оставиме на мир шумите, планините и водите, буџетите на институциите и нивните активности целосно да се прекројат во согласност со начелата на одржлив развој и заштита на животната средина. –  вели Велковска.

Таа смета оти е неопходно да инвестираме во образование кое се темели на принципите на одржлив развој, социјална правда и еднаквост, како и во  напредни технологии, и да создаваме институции кои објективно и совесно ќе ги контролираат и санкционираат сите загадувачи.

OhridNews