Патување по повод прослава на годишнина од матура во Виетнам се претвори во трагедија откако автобусот кој ги превезувал школските другари излетал од автопат, при што загинале најмалку 13 лица.

Во автобусот имало 40 патници кои патувале на одбележување 30 години од матура, јавуваат светските агенции.

Според првичните информации, возачот изгубил контрола врз автобусот.

Патувањето со возило во Виетнам е исклучително опасно. Според податоците на Светската здравствена организација, повредите во сообраќајни несреќи се водечки фактор за смртност на лицата помеѓу 15-29 години. Од почетокот на годината до сега во оваа земја 3200 лица ги загубиле животите во сообраќајни несреќи.

OhridNews
фото: АФП