Откако е разрешена дилемата кој ке ќе ги завземе позциите еден и два во разигрувањето, битката се разгорува за позиците три и четири кои носат домашна предност во разигрувањето.

На котата три во моментов со 41 поен изедначени се Работнички , АМАК СП  и Пелистер. По триумфот над АМАК полесно се дише во таборот на МЗТ ФОН (39 п) кои доста веројатно ќе го завземат последното шесто место во разигрувањето.

Еве го распоредот на екипите на четири кола пред крајот

  11 коло  12 коло 13 коло 14 коло
Работнички   МЗТ ФОН (г)   АМАК СП  (д)  Фени Инд. (д)  Соколи (г)
АМАК СП  Фени Инд (д)   Работнички (г)  Соколи (д)  Вардар ( Г)
Пелистер  Вардар (д)    Фени Инд (г)  Струмица (г)   МЗТ ФОН (д)
МЗТ ФОН   Работнички (д)   Соколи (г)  Вардар ( д)   Пелистер (г)

Легенда :  Д- дома, Г–гости

Во четврт финалето од разигрувањето меѓу себе ќе вкрстат третиот и шестиот, односно четвртиот и петтиот.

Екипата со подобар пласман ќе биде домаќин во првтиот натпревар. Екипата со подобар меѓусебен биланс во серијата  подобар од три ќе влезе со 1-0 предност.

Денес играат :

АМАК-СП – Фени Инд.
Свисслион П. – В. Осигурување
МЗТ ФОН – Фершпед Р.
Струмица – Карпош С.