Иако јавно ужива голема доверба од управата на клубот од Олд Трафорд, сепак, иднината на Оле гунар Солскјер како менаџер на Манчестер Јунајтед е доведе под знак прашалник. Како што пренесува францускиот весник „Le10sport“, челниците на „црвените ѓаволи“ сериозно ги гледаат опциите за предвремен раскин на договорот со Норвежанецот и ангажман на нов стручњак.

Фаворит број еден според весникот е Томаш Тухел. Германскиот стратег кој моментално е предводник на францускиот гигант Пари Сент Жермен имал разговори со одредени луѓе и прифатил нов преговори низ кои ќе се запознае подобро со проектот на „црвените ѓаволи“.

 

Во случај на отказ за Солскјер, Тухел нема биде сам во трката, бидејќи често се споменуваат поранешниот тренер на Тотенхем Маурицио Почетино и екс предводникот на Јувентус Масимилијано Алегри. Двајцата се слободни  и може без проблем и во било кое време да го преземат кормилото во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“, после заминувањето на Сер Алекс Фергусон не можат никако да се консолидираат и да се замешаат за титулата во Премиер лигата. Со плод не вреди ангажманот Дејвид Мојс, Луис ван Гал, Жозе Мурињо и последниот Оле гунас Солскјер.

OhridNews