Фудбалерот на Охрид, Славе Маркоски не доби шанса за деби во македонската селекција до 21 година, откако беше во составот, но не влезе во игра на дуелот со Црна Гора, кој надежите го решија во своја корист со 2-1.

Маркоски кој е стандарден репрезентативец во У18 експрено беше повикан во У21 селекцијата во саботата претпладне и не настапи за Охрид на гостувањето кај составот на Велешта. Важно е, што Маркоски е во плановите на селекторот Благоја Милевски и сигурно, во најскоро време ќе ги запише првите минути во младата селекција.

„Црвено жолтите“ со триумфот против Црна Гора ја осигураа втората позиција на табелата во групата. Пред нашата селекција се наоѓа само лидерот, Шпанија. Поради промена на форматот и намалувањето на селекциите учеснички на ЕП, на Македонија и е скратена можноста да игра бараж и да се бори за влез помеѓу најдобрите. Европското првенство се игра следната година.

OhridNews
Фото: Екипа.мк