УЕФА,остро реагираше на одлуката со која примената на автоматската суспензија од еден натпревар за американскиот напаѓач Фоларин Балоган беше ставена во мирување, оценувајќи дека со тоа е премината „црвена линија“.

Во официјалното соопштение, објавено денеска, УЕФА наведува дека минималната автоматска суспензија од еден натпревар по црвен картон не е прашање на дискрециона одлука, ниту бара дополнително одлучување од надлежен орган за да стапи во сила. Според европската куќа на фудбалот, станува збор за основен принцип вграден во правилата, кој не смее да биде предмет на исклучоци, особено не среде турнир на кој други фудбалери во иста ситуација веќе ја отслужиле казната.

УЕФА предупредува дека ваквата одлука создава преседан во тековниот Мундијал и дека во идентични случаи ќе мора да се бара еднаков третман, што, како што се наведува, би било на штета на натпреварувањето. Од таму посочуваат дека кога не е загарантирана сигурноста на правилата, се доведуваат во прашање интегритетот на играта и кредибилитетот на натпреварувањето.

Изразуваме неверување поради ваква одлука без преседан, неразбирлива и неоправдана, се вели во ставот на УЕФА.

Г.М.

Фото: УЕФА

ФИФА му дозволи на Балоган да игра против Белгија, иако доби црвен картон