Најмалку 90 лица се повредени во судирот на полицијата со демонстрантите во Барселона и повеќе други каталонски градови, синоќа, пренесуваат светските агенции. Повеќе од шест часа демонстрантите низ улиците на Барселона зад запалени барикади и пружаа отпор на полицијата, која дури во текот на ноќта воспостави контрола во главниот град на Каталонија, која се бори за независност од Шпанија.

Вчера низ улиците на Барселона половина милион лујѓе демонстрираа барајќи независност на Каталонија од Шпанија, која жестоко одговори на сепаратистичките процеси во најбогатата провинција во земјата.

Поради насилните протести Шпанската фудбалака репрезентација го одложи фудбалското дерби „Ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кое на програмата требаше да биде идниот викенд.

OhridNews