Управниот одбор (УО) кој е највисок орган во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ќе одлучува за иднината на селекторот Игор Ангеловски. Договорот помеѓу Ангеловски и ФФМ истекува на 31 декември, а сите очекуваат продолжување на соработката, поради историскиот пласман на Европското првенство следната година, кој го донесе селекторот заедно со репрезентативците.

Познато е дека одлуките во ФФМ не се носат поединечно, туку со одлука на УО. Јасно е дека најпрво ќе бидат заеднички разгледани сите барања на селекторот кој го донесе најголемиот успех во историјата на репрезентацијата, и заеднички очекувам да донесеме одлука за продолжување на соработката. – изјави првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини.

Ангеловски палката во А репрезентација ја презеде во 2015 година и во период од пет години ги намести коцките за историско учество на ЕП.

OhridNews