Расте бројот на новозаразени и на активни случаи со Ковид-19, се повеќе со британскиот сој кој побрзо се пренесува и се шири. Во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот. Кај едно од двете лица кои се вратија од Занзибар со ковид симптоми потврден е британскиот сој, а за вториот резултатите ќе бидат познати денеска.
Двајцата пациенти се хоспитализирани веднаш откако ги добиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување понатамошно ширење на Ковид-19. Апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.
Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 807 случаи на коронавирусот од направени 3.312 тестирања, од кои 38 во Охрид. Починати се пет лица, а оздравени 314 пациенти.
OhridNews












