Повеќе од 100 лица ги загубија животите, а над 4000 се повредени во страотната експлозија што вчера го потресе главниот град на Либан, Бејрут.

Според тамошните власти експлозијата била предизвикана од склад за амонјак на бејрутското пристаниште кој несоодветно бил складиран и одржуван. Тие најавија темелnа истрага и одговорност за сите лица кои допринеле да се случи трагедијата.

Местото на експлозијата денеска

Експлозијата во Бејрут била со јачина на земјотрес од 3,5 степени според Рихтер, која буквално го срамни со земја пристаништетот во либанската престолнина. Земјите од опкружувањето, но и од целиот свет најавија помош за Бејрут каде владее целосен хаос по страотната експлозија. Во градот нема електрична енергија, а властите прогласија вонредна состојба за справување со последиците од големата експлозија.

Г.М.