Со одлука на Владата, разрешени се тројца членови од Комисијата за управување со светското културно и природно наследство на Охридскиот регион заштитен од УНЕСКО.

Од должноста членови на Комисијата разрешени се д-р Донка Барџиева – Трајковска, Елеонора Новаковска и проф. д-р Сашо Коруновски.

Новаковска и Коруновски повеќе не биле членови на институциите и телата од кои биле номинирани во Комисијата, додека за Барџиева-Трајковска била член на Координативното тело за реформите во културата и во заштитата на културното наследство, го пренесе објаснувањето на Владата „Фокус“.

Решението на Владата јавно го објави и коментираше, сега веќе разрешениот член на комисијата д-р Донка Барџиева – Трајковска

Одличен потег на владата!Во услови на епидемија мора да се отстранат сите кои на било каков начин можат да ја загрозат! – напиша на својот фејсбук профил Барџиева – Трајковска.

Одличен потег на владата!Во услови на епидемија мора да се отстранат сите кои на било каков начин можат да ја загрозат!

Geplaatst door Donka Bardzieva Trajkovska op Woensdag 3 juni 2020

На местото на разрешените членови именувани се: д-р Јулија Тричковска, Горан Патчев и Ана Петровска.

Решението владата го донела на 26 мај, а објавено е во Службен весник на 1 јуни. Комисијата за управување со светското културно и природно наследство на Охридскиот регион, е формирана во 2018 година како советодавно тело да дава мислења и предлози во однос на Извештајот на мониторинг мисијата УНЕСКО од 2017 година, кој беше минатата година основа Комитетот за светско наследство да отпочне постапка за ставање на Охридскиот регион на листата на загрозени подрачја. Поради пандемијата од Ковид 19 одложена е сесијата на Комитетот за светско наследство што требаше да се одржи ова лето, на која требаше да се разгледа напредокот на македонските власти по однос на барањата на мониторинг мисијата УНЕСКО од 2017 година.

OhridNews