Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 106 лица (Охрид-37,Струга-58,Кичево-11), а извршени се вкупно 75 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 49 лица (Охрид-21, Струга-20, Кичево-3, Дебар-5), а извршени се 30 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 60 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-11, Струга-06, Кичево-32, Дебар-11).

Во изминатото деноноќие, полициските службеници, издале 53 прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-26, Кичево-11, Дебар-03), информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Струга. На 25.05.2020 година при вршење контрола, полициски службеници, во 10.45 часот го затекнале пријавениот на улицата „Партизанска“ во Струга без соодветна дозвола за движење во полициски час издадена од надлежен орган.

ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од од струшкото село Лабуништа. Тој, на 25. мај  во 13.15 часот, бил сопрен при управување патнички автомобил на регионалниот пат Струга-Дебар. Притоа, полициските службеници констатирале дека не поседува соодветна дозвола за движење во полициски час, издадена од надлежен орган.

На 2 јуни, околу 21 часот, од угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, во полициската станица приведени се 33-годишно лице од струшкото село Калишта и 29-годишно лице од селото Велешта. Двајцата, ги спречиле полициските службеници при вршење на службени дејствија кон три лица присутни во локалот, поврзани со спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на корна вирусот КОВИД-19, кои не носеле заштитни маски. По овој основ, приведени се уште три лица од Калишта и Струга. Против приведените, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, информира полицијата.

OhridNews

Уште 392 лица во изолација