Во Охрид во јуни годинава издадени се 10 одобренија за градење од кои седум на физички лица и три на деловни субјекти. Планирана е изградба на 111 станови со вкупна корисна површина од 6 621 м2 од кои најголем дел двособни и трособни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Струга издадени се 9 одобренија за градење од кои 8 на физички лица, а едно одобрение на деловен субјект. Во Општина Дебрца издадено е едно одобрение.

За споредба, минатата година во јуни во Охрид биле издадени три одобренија за градење од кои едно на физичко лице и две на деловни субјекти за изградба на 44 станови, во Дебрца едно одобрение, а во Струга ниту едно.

На ниво на држава во јуни 2026 година се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

OhridNews

извор. ДЗС