Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето во местото Стара Лоза, Хрватска, тешко е повреден Рајко Дујмиќ, член на познатиот бенд „Нови Фосили“, кој врвот на популарноста го имаше во времето на поранешна Југославија.

Како што пренесува порталот „Индекс“ Дујмиќ сам управувал со возилото.

Во незгодата тој се здобил со тешки пповреди на главата и е хоспитализиран на клиниката во Ријека.

Според првичните лекарски извештаи неговата здравствена состојба се оценува како стабилна.

OhridNews