Учебната 2019/20, завршува денеска, во која речиси една третина наставата се одвиваше онлајн поради епидемијата од коронавирус.

За да одговорат на предизвикот улилиштата мораа да ја адаприраат наставната програма користејќи онлајн алатки како видео врски и слично. Беше воспоставена и национална платформа за учење, а дел од лекциите се емитуваа на националниот телевизиски сервис.

Во сите основни училишта во тек се уписите на првооделнците кои ќе траат до 30 јуни. Единствено уписите денеска завршуваат во Основното музичко училиште „Методи Патче“. Поради актуелната состојба, пријавувањето на кандидатите се врши по електронски пат, по што кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани од училиштето.

OhridNews