Судири помеѓу демонстрантите и полицијата и повредени на двете страни ја одбележаа и втората вечер од протестите во соседна Србија. Како причина за протестите се наведува најавата на властите за враќање на рестриктивните мерки по зголемувањето на бројот на заразени од коронавирусот Ковид 19 во земјата, но се почесто од демонстрантите можат да се чујат повици за техничка влада и нова комисија за борба против пандемијата.

Освен во главниот град Белград, каде се водеше вистинска улична војлна, протести синоќа имаше и во Нови Сад, Ниш и Крагуевац, каде исто така демонстрантите се судриле со полицијата. Во Ниш е повреден снимател на РТС, а регистрирани се и други напади на медиумски работници. Една од јажестоките сцени ки ја покажуваат бруталноста на полицијата снимена е во Белград каде дваесеттина полицајци тепаат демонстрант.

Властите во Србија и натаму остануваат на ставот дека зад протестите се кријат опозцијата, како и странски елементи, а целта е доаѓање на власт без избори.

OhridNews