Јувентус синоќа ремизираше на гостувањето кај Болоња во натпреварот од 37. коло во Серија А – 3:3. Торинскиот тим заостануваше со 0:3 до 76. минута, кога погоди Федерико Киеза. Аркадиуш Милик погоди во 83. минута, а минута подоцна голот на Кенан Јилдиз му донесе реми на клубот.

Јувентус со 68 бода останува на четвртото место во серијата, зад третопласираната Болоња која има исто така 68 бода, но со подобра гол-разлика.
До крајот на сезоната останува уште едно коло.
OhridNews










