На 8 август 2001, во екот на воениот конфликт во земјава, од заседа на терористичка група на УЧК беше нападната со огнено оружје и ракетни фрлачи колона возила со припадници на бранителите која се движеше кон Тетово.

Во нападот беше погоден и автобусот во кој беа поголемиот дел од бранителите.

Тогаш беа убиени 10 припадници од резервниот состав на АРМ. Загинаа: Сашо Китаноски, Марко Деспотоски, Нане Наумоски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Веби Рушидоски и Ердован Шабаноски.

И по 25 години кај Карпалак нема обележје во спомен на загинатите резервисти.

OhridNews