Петтиот фестивалски ден на „Охридско лето“ резервиран за балетот „Госпоѓиците од Авињон” на македонската Национална опера и балет.

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска.

Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

Балетот ќе се игра на сцената „Долни Сарај“ со почеток од 21 часот.

OhridNews