Синоќа во 21:10 часот на ул. „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привелеа 17-годишник од скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера утрото во 10:35 часот во СВР Охрид, две охриѓанки пријавиле дека околу 01:00 часот на ул.,,Цар Самоил“ во Охрид, едно машко лице физички ги нападнало нивните малолетни деца и агресивно се однесувало кон нивни другари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews













