На 11.08.2026 во 02:10 часот во СВР Охрид, 49-годишно лице од Охрид, со живеалиште во САД, пријавил дека на 10.08.2026 околу 15:00 часот од домот се оддалечила неговата 68-годишна мајка од с.Рамне, охридско, информираат од СВР Охрид.

На 10.08.2026 во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, лице од Охрид пријави дека во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани, била пронајдена бомба.
Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за подигнување на експлозивната направа, велат од МВР.
OhridNews












