Вчеравечер, култниот и единствен клуб кој промовира џез култура во регионални рамки повеќе од три децении, го прослави 35-от роденден.
Секогаш отворен за љубителите на џез културата, во изминатите три ипол децении, клубот силно пркоси на општествените и културолошки промени, притоа ставајќи се на пиедесталот како единствен џез клуб кој опстоил толку долго на Балканот.
Љубителите на џез и блуз музиката, уживаа во забавата која ја приреди клубот заедно со бендот “Witches Brew”.
Џез Ин е оформен во 1989-та година и непрекинато ја промовира џез културата. Низ годините клубот ги удостои светските признаени македонски и европски музичари како Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Фолтин, Кабадајас, а последната деценија претставува и клуб кој ја промовира стендап комеди културата.
Во годината во која клубот го прослави своето триесет и пет годишно постоење, беше домаќин на многу џез настани меѓу кои концертите на Пијан Славеј, Cobalt Code Unit, Next To Silence, Сашо Поповски Квартет, Никола Бочваров Квартет, како и на шестиот Summer Comedy Marathon.
Еден од највлијателните артисти на современата техно сцена, Кристијан Смит (Christian Smith), вечерва, 8 август, настапува во „Rebel Ohrid“, продолжувајќи ја серијата големи гостувања што клубот г...
Со рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство, грчката пијанистка Теодосија Нтоку синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“ настапувајќи заедно со италијанскиот...
Денеска не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец Попладне на места ќе има локален развој на не...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.