Нова неделна понуда од пет нови интересни наслови во охридската библиотека.

Добро утро Јаков од Санта Аргирова во издание на Култура.

Романот “Добро утро Јаков” на Санта Аргирова, во веќе препознатливиот жанр, политички трилер, ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Уште едно возбудливо четиво кое говори за духот на времето во кое живееме…

Девојчето со седа коса од Магдалена Елмазоска во издание на Збор

„Си повторуваше во себе дека мајка ѝ ја заборавила веќе, а татко ѝ е презафатен, ама потајно се надеваше дека еден ден… дека ќе го има и тој ден кога некој од нив ќе ја земе со себе. Издржуваше секакво малтретирање со надеж дека е само привремено, и ќе заврши кога ќе ја земат оние кои никогаш не требаше да ја остават. Во себе себично го чуваше парчето надеж што ја држеше со полна душа, си мислеше дека ќе се разбуди, кога-тогаш, и дека тој кошмар нема вечно да трае. Сакаше да верува во гласот што ѝ го диктираше срцето. Убедена беше дека нејзината пространа љубов кон нејзините родители, еден ден ќе го растопи ледениот океан од нивната индиферентност кон неа.“

Доаѓа сонцето од Форс Мари издание на Матица

Еден поглед, еден разговор, еден викенд и тој знае кога сака. Но, Миа Симпсон не е слободна да му ја возврати љубовта. Всушност, тој се сомнева дека е таа во насилен брак, но сепак загрижен е за неа. Две години откако првпат ќе се сретнат и една година откако последен пат ќе слушне за неа, Миа ќе се појави на неговиот праг, наполу смрзната, тепана и помодрена, со барање кое само Вејд може да го обезбеди. Тој е одлучен да успее, без оглед на цената…

Додека те немаше Форс Мари издание на Матица

Лукас Абот и неговиот идентичен близнак пораснаа делејќи се – вклучително и репутацијата за смешно и идиотско однесување. Но, сега кога Лукас стана подготвен да ја отфрли таа слика на симпатичен идиот, да порасне и да има реална и возрасна врска, шегата му се удира од глава. Тој и неговиот близнак се вљубуваат во иста жена…

Последната куќа на улицата од Дијана Чејмберлен издавач Култура

Последната куќа на улицата е роман на шокантни предрасуди и насилство, забранета љубов, потрага по правда и заплеткани лози на две семејства.

OhridNews