Фудбалерите на Охрид, на идентичен начин, со гол од пенал, втор натпревар во низа претрпуваат пораз на гостински терен во Втората македонска фудбалска лига-запад. На дуелот со Кораб за разлика од оној во Кадино, пеналот беше сомнителен, а Охрид играше нешто подобро. Напредокот е забележителен и жално е што судиска одлука го реши натпреварот.

Симоновски (2): Многу малку фалеше да го одбрани ударот од пенал. Го „прочита“ изведувачот и ја допре топката, но поради силината заврши во мрежата. Сигурен на нафрлените топки и секогаш правовремено интервенираше.

Цуцули (2) – Трпески (2): Добро си ја завршија работата во одбрана неутрализирајќи ги напаѓачите на Кораб. Заедно со Симоновски ниту еднаш не внесоа немир во екипата.

Вељаноски (2) – Ариф (2): Најголемата опасност на Кораб доаѓаше од крилата, но тие не направија некоја поголема шанса благодарание на Вељаноски и Ариф. Единствено што треба да поправат или да се подобрат е фазата во напад.

Ѓорѓиески (2) – Маркоски (2) – Ристески (2): Триото на средината од теренот водеше жестока битка со противниците од другиот табор. На дел од опасните акции беа креатори и максимално одговорија на предизвикот.

Целески (2) – Реџепи (2) – Кочоски (2): Офанзивците не ја остварија првичната цел да постигнат погодок, но мора да се истакне нивната борбеност и желба за игра. Голманот на Кораб имаше две убави интервенции после ударите на триото. Со желба за игра и борбеност, погодоците и бодовите сигурно ќе дојдат.

Измени:

Бакулески (2): Влезе во 53-та минута на местото од Ристески. Делуваше на крилната позиција од каде имаше неколку центаршути.

Наумоски (2): Го замени Маркоски во 86-та минута. Немаше доволно време за нешто повеќе, но полека се наметнува како еден од потенцијалните стартери за мечевите кои следуваат.

Бочески (2): Имаше проблеми околу креирање на составот поради повреди, но Охрид добро му парираше на Кораб. Формациски добро ја постави играта и изборот на фудбалери беше на место.

 

OhridNews

 

Драган Бочески: Охрид со судење како во Дебар ќе беше во горниот дел од табелата

Пораз на Охрид во Дебар

Видео: Контроверзен пенал му пресуди на Охрид во дербито со Кораб