Согласно одлуката на Владата, а на предлог на Комисијата за заразни болести, денеска во 11 часот почнува 42-часовен карантин, кој ќе трае до вторник во 05 часот утрото.

Според најавите продолжениот карантин, треба да биде последен таков, по што треба да уследи одредено олабаввање на мерките за заштита од коронавирусот Ковид 19, согласно планот на здравствените власти. Сепак, тоа ќе зависи најмногу од состојбата со заболените во земјата, каде секојдневно се уште се дијагностицираат околу дваесеттина нови случаи со Ковид 19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1941, бројката на оздравени пациенти е 1411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417, од кои во 6 се во Охрид.

Г.М.

Бесплатна достава на храна и пијалаци за време на продолжениот полициски час