После многубројните заеднички свирки, легендарните локални музички состави „Броз“ и Ансамбл „Билјана“ влегоа во студио креирајќи нов заеднички аудио запис.

“Боемска” e песна во која зачин ставија многу различни луѓе но сите со иста цел,  убавата музика и мисла во овој за сите нас тежок период.

Како специјален гостин на бас и на тамбура се потпиша Ташко Грујоски.

Аудиото и видеото се во продукција на Јован Куцин “Motion Emotion”.

На OhridNews премиера на „Боемска“!

Премиера на новата песна „Боемска“ и спот на „Броз“ и „Билјана“

OhridNews