Конкурсот за избор на соодветната поема ќе трае заклучно до 9-ти ноември 2020 година, информира НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер. Таа не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. – стои во Конкурсот.

За изборот, односно наградата, одлучува 3-члено жири составено од реномирани автори од земјата.

Заинтересираните автори треба да испратат необјавена поема на следната адреса: НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ул. “Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака “Пријава за избор на најдобра поема “Григор Прличев за 2020 година”. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација, за резултатите од изборот.

OhridNews