Македонија „падна“ на првата европска пречка на Мундијалот во Германија и Данска, откако изгуби од Хрватска 31-22 во третата рунда од фазата по групи во групата Б. Во мечот доминираше хрватска селекција која од почетокот до крајот го контролираше резултат и ниту еднаш не и дозволи на нашата репрезентација водство.

Раул Гонзалес (Македонија) Хрватска заслужено победи и сакам да им честитам. Имавме проблем со играта „седум на шест“, а и голманот беше несовладлив бранејќи чисти позиции. Кога се игра со човек плус во напад заморот е голем затоа треба да сме подготвени максимално. Верувам во момците дека поразот нема остави траги и ќе успееме да победиме една од двете следни средби за пласман во следната фаза.

Филип Лазаров (Македонија) – Во игра за поволен резултат бевме до 50-та, потоа паднавме и дозволивме висок пораз. Не одигравме како што треба, не ги исполнавме задачите од селекторот. Промашивме многу чисти позиции, а против ривал каков што е Хрватска не смее да се игра со недостатоци. Сепак, одиме понатаму немаме многу време за тагување или било што и целосно се насочуваме кон Шпанија.

Лино Червар (Хрватска) – Одигравме добар и квалитетен натпревар. Грешките во нападот ги сведовме на минимум, а имавме и одговор за секоја одбрана на Македонија.  Играта „седум на шест“ ја искористивме во неколку обиди да направиме предност која не одведе до победа. Победата и бодовите не однесоа во втората фаза, но во последните два натпревари имаме еден тежок меч против Шпанија.

Борко Ристоски (Македонија) -Грешевме многу, а хрватите немилосрдно не казнуваа. Нема што премногу да се анализира и објаснува, Хрватска покажа повеќе квалитет и заслужено победи. Тактичката замисла на нашиот селектор беше да играме седум на шест и сите ние ја почитуваме и слушаме. Против нашиот следен ривал Шпанија како ќе играме ќе одлучи селекторот. Дали ќе се штедеме или чуваме сили за Исланд останува да видиме.

OhridNews

СП: Червар го надмудри Раул Гонзалес, прв пораз на Македонија