Инцидент се случил на прославата на Илинден во Ташмаруништа, струшко, на која присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.
На 2 Август, во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е 52-годишен жител на Струга по претходна пријава дека сторил кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по што упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, Денот на Републиката. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, ин формира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во друг случај, пак, нападнати биле малолетници во апартман во Охрид.
Во 21.25 часот во СВР-Охрид, во присуство на членови на семејството и претставници од Центарот за социјални работи Охрид, е пријавено дека едно лице, во апартман лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, физички нападнал две малолетни лица од Скопје. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Полицијата информира за сериозен инцидент што се случил саботата вечерта по спортски натпревар во Велгошти каде во тек е турнир во мал фудбал.
На 02.08.2026 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно лице физички а потоа и со метален предмет, нападнал 55-годишен жител на Вевчани по што му го оштетил и неговото патничко моторно возило. Притоа, со повреди се здобиле две лица од Вевчани. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави портпаролот Димоски.
Синоќа во 23,05 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, лишен од слобода бил 21-гидишен охриѓанец.
Тој претходно бил пријавен дека, во семејниот дом бил агресивен кон член на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Димоски.
OhridNews













