Според податоците на Евростат, 29 проценти од луѓето во Европската унија на возраст над 16 годни не можат да си дозволат да отидат на еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење.

Од земјите членки, највисок процент има Романија, каде 54 отсто од жителите не можат да отидат на годишен одмор барем една недела, следат Грција со 49 проценти, Хрватска  – 48, Кипар – 44 и Италила – 44 проценти.

Што се однесува до нашата земја, според податоците на Евростат во 2018 година, кога последно има податоци за нас, 57,5 проценти од македонските граѓани не можеле да си дозволат годишен одмор.

OhridNews