Постапката за претквалификација предвидува изготвување урбанистичко техничка документација според насоки и упатства со критериуми кои ги содржат условите за организација на просторот. Комисијата ќе ги разгледа сите барања поединечно заради утврдување на комплетноста на документацијата, а барањата кои не се комплетни ќе бидат отфрлени, најавуваат од Министерството за транспорт.Претходно министерството ги објави условите кои треба да ги исполува секој кој е заинтересиран за концесионирање плажА. Најдоцна до 15-ти март оваа година, потенцијалните закупци треба освен комплетираната документација треба да достават и урбанистичко-техничка документација. Селектирањето на понудите ќе биде завршено до 19-ти март, а јавното наддавање ќе се одржи на 26-ти март.












