Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат. Информацијата парот ја сподели со јавноста денеска.

Се разведуваат Бил и Мелинда Гејтс

После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го завршиме нашиот брак. – напиша Бил Гејтс на Твитер.

Бил и Мелинда беа во брак 27 години.

Веќе не веруваме дека можеме да растеме заедно како пар во следната фаза од нашите животи. – се вели во заедничката објава.

Тие двајца се запознале крајот на 1980-те години, кога Мелинда се приклучила на компанијата на Бил „Микрософт“. Во бракот добија три деца и станаа филантропи. Нивната фондација „Бил и Мелинда Гејтс“, инвестираше милијарди долари во борбата против заразни болести и поттикнување на вакцинација на децата. Заедно со Ворен Бафет парот Гејтс стои зад проектот кој ги повикува милијардерите да се откажат од дел од своето богатство во хумани цели.

Според „Форбс“ Бил Гејтс е четврти најбогат човек на светот.

OhridNews