Поради големите загуби и слабата искористенот на капацитетите, Министерството за здравство реши да и` стави клуч на Специјалната детска болница во населбата Свети Стефан во Охрид. Оваа јавна здравствена установа која годинава одбележува јубилеј 40 години од постоењето повеќе од 15 години работи со милионски загуби кои се покриваат од Фондот за здравство, кој само минатата година морал да покрие „дупка“ во финансиското работење на болницата од 16 милиони денари.
Не работи рентабилно. Специјална детска болница
„Со рационализацијата во здравството се предвидува ново буџетирање на јавните здравствени организации од наредната година кои ќе се финансираат со средствата од услугите услугите кои ги извршуваат, што значи дека Специјалната детска болница нема да може да опстои бидејќи болницата не работи рентабилно“, вели д-рСнежана Стефаноска, директор на Специјална детска болница – Охрид.
„Болницата ќе се трансформира, а дејноста ќе се интегрира во склоп на специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо“ каде што постои одделение за церебрална парализа. Бидејќи поголемиот број од лекувани деца кај нас се со истата дијагноза, значи ќе можеме да се интегрираме на тоа одделение како поголема работна единица, па и да прифатиме и деца со други заболувања кои што би можеле да се рехабилитираат таму“, додава Стефаноска.
Ниту еден од 67-те вработени во Специјалната детска болница нема да остане на улица, вели Стефаноска. Таа не` информираше дека претставници на Министерството за здравство изминативе денови ја посетиле Специјалната детска болница, при што било договорено вработените да се прераспределат во јавните здравствени установи во Охрид и Струга според нивните потреби.
Во моментов во Специјалната детска болница во Охрид престојуваат 30 деца со нивните родители. Болницата лани работеше со 30-35% искористеност на капацитетот од 100 легла, рече д-р Стефаноска. Причините за намалувањето на бројот на децата кои доаѓаат во Охрид таа ги гледа во намалениот пазар по распадот на Југославија, отворањето на голем број физијатарски амбуланти во земјава, новиот начин на упатување на децата во Специјалната болница во Охрид и воведената партиципација за престој.
Според најавите на местото на специјалната детска болница која располага со над 10.000 метри квадратни атрактивен простор на брегот на Охридското Езеро во населбата Св. Стефан, најверојатно ќе се гради луксузен хотел, а постои заинтересираност и за изградба на клиника за рехабилитација или пензионерски дом.
Во духот на големиот православен празник Свети Илија и македонскиот национален празник Илинден, утре (2 август) во селото Косел, кај Охрид, традиционално ќе се одржи големиот народен собир кај цркв...
Вчеравечер публиката во рамки на „Summer comedy marathon“ имаше можност да го погледне стендап шоу „BEST OF Stand Up“ на бродот Армада „BEST OF Stand Up“ донесе одлична комедија, езерска атмосфера ...
Четворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“ беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.