Овој светец од Бога даруван со чудотворна моќ е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелието па така стигнал и во Охрид.

Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан кој му наредил на бакарниот кип на Зевс да му се поклони и да му принесе жртва. Но Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот.

По овој настан Св. Еразмо крстил 20 000 луѓе но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот како што многу порано го ослободил и Св. Петар.

Пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот.

Култот кон Св. Еразмо е особено голем во Охрид.  Традиционално охриѓани во очи празникот масовно ја посетуваат малата пештерска црква во близина на градот, каде палат свеќи и се молат за здравје.

Празникот Св. Еразмо одбележан во Охрид

OhridNews