Спортската редакција во склоп на OhridNews во 2020 година продуцираше над 2 600 вести од различни спортски манифестации, кои се одржуваа во Охрид, Македонија и ширум светот.

Голем број од планираните спортски настани во нашиот град поради пандемијата на коронавирусот се одложија и не се организираа, но имаше такви кои се одржаа и лансираа многу важна и силна порака од Охрид.

Најголемо внимание на читателите на OhridNews во 2020 година привлекоа развивање на младиот охридски фудбалер Мартин Георгиевски, запросувањето на Иван Тасески на својата поубава половина Надица, историскиот пласман на Македонија на ЕП, Планинарската трка Охрид Ултра Треил и модерната трибина која е во фаза на изградба на стадионот „Билјанини Извори“.

  • Топ 15 најчитани вести на OhridNews за 2019 година:

Почина Драге Илчески (Челик) долгогодишен спортски работник во Охрид

Ковид кризата спречи мега трансфер во Бенфика на охриѓанецот Мартин Георгиевски, продолжува во Академија Пандев

Видео: Надица ја прифати понудата за брак од ракометарот Иван Тасески

Обновено: Замина охридската фудбалска легенда Шефкет Шаиноски

Претседателот на РК Охрид Димитар Василески-Саричко поднесе оставка од функцијата

Видео: Охрид еуфорично го слави пласманот на фудбалската репрезентација на ЕП

Официјално: Не пет, туку девет лица починаа во хеликоптерската несреќа во која загина и Коби Брајант! (видео)

Тикет за поздрав: Охриѓанец со три погодени натпревари ќари 175 000 денари

Обновено: Почина Ило Кафеџиоски (Кафе) поранешен претседател на Oхридската судиска организација, писател и поет

Дарко Ковачевиќ застрелан во Атина

„FC Next Level“ нова фудбалска школа во Охрид

Запален автомобилот на поранешниот тренер на ФК Охрид 2004 Драган Антиќ

Обновено + видео: Новак Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен!

Обновено: Австриецот Грегор Хајн победник на Охрид Ултра Треил, охриѓанецот Дејан Ангелоски на Галичица Треил

Фото галерија: Пред крајниот рок, стадионот во Охрид ќе добие модерна источна трибина!

OhridNews